Романтична куќа првенствено наменета за младенци, се наоѓа на новозеландскиот полуостров Банкс.
Куќата е сместена на брегот и е изолирана од остатокот од светот. Куќата е проектирана од страна на архитектонското студио Patterson Associates.
Тие за изградбата на куќата избрале локални материјали, и тоа првенствено камен, што се наоѓа во непосредна близина на куќата.
Од останатите материјали, користени се дрвото и неизбежниот (и не толку романтичен) бетон.
Објектот е делумно вкопан во теренот, што дополнително придонесува за зголемување на приватноста.
Пред куќата има мала плажа, се разбира приватна. Објектот е свртен кон океанот, но речиси целосно е „скриен“ од патот што води кон соседното село.
Оваа куќа има само три простории. Првата е претсобје од која се влегува во дневна/спална зона, а третата е бања, пишува на сајтот на студиото Patterson Associates.
Бидејќи објектот е изолиран од „цивилизацијата“, проектот вклучува и одредени системи за да куќата функционира како самоодржлива. Тоа подразбира организирање на снабдување со вода за пиење и одвод на отпадните води.