Насловна / Архитектура / Ново решение за пешачки мост кој ќе ги поврзува Калемегдан и Савско пристаниште

Ново решение за пешачки мост кој ќе ги поврзува Калемегдан и Савско пристаниште

Кривулестиот пешачки мост, кој потсетува на тобоган, би требало до крајот на 2016 година да ги поврзе Калемегдан и Бетон хала.

Пешачкиот мост, кој ќе ги поврзува Калемегдан и Савско пристаниште ќе почне да се гради во јуни 2016 година, а неговата изградба ќе чини околу еден милион евра.pesacki most_2

Дирекцијата за градежно земјиште ќе објави тендер за изведување на работа во месец мај, а според планот, се очекува да заврши до крајот на оваа година, пишуваат „Новости“.

Проектот на познатиот британски скулптор Ричард Дикон и српскиот автор Мрѓан Бајиќ, го надополни тим од инженери од „ЦИП“ и архитектот Бранислав Митровиќ.

Во однос на првобитната концепција, поинаква е пешачката патека и паркингот кај Бетон хала.pesacki most_1

„Се работи за објект кој е уметничко дело, но исто така и многу корисен мост што поврзува важни пешачки коридори“, рече градскиот архитект Милутин Фолиќ.

Пешачкиот мост, што помалку потсетува на тобоган во аква парк, се состои од три дела – мост кој го поврзува Калемегдан и паркингот на Бетон хала, кривулеста рампа за симнување кон Савско шеталиште и скулптура во која се наоѓа лифт.

Испрати коментар

Scroll To Top