Насловна / Вести / Гулаби за следење на загадениот воздух

Гулаби за следење на загадениот воздух

Како една од мерките во борбата против загадување на воздухот, властите во Лондон користат гулаби во собирање на информации за загадениот воздух во престолнината на Велика Британија.

Јато гулаби опремени со мини ранчиња во кои се наоѓа GPS и сензори за мерење на квалитетот на воздухот, секојдневно вредно собираат информации за загаденоста на воздухот во Лондон и така вршат многу корисна работа.

Гулабите од кровот на една зграда во источен Лондон ги пушти Брајан Вудхаус, истражувач во рамките на еден проект за квалитетот на воздухот од маркетиншката агенција DigitasLBi.гулаб за следење на загадувањето

Сензорите кои се наоѓаат во мини ранците кои се фиксирани на гулабите собираат податоци за азот диоксид и соединенија кои испаруваат. За гулабите да бидат сигурни, целиот процес го надгледуваше ветеринар.

Овој проект има за цел да го сврте вниманието на јавноста на се позагадениот воздух во Лондон и да ги алармираат надлежните органи да го решат овој проблем.

Организаторите на проектот го направија и интерактивен со хаштагот @PigeonAir, така што ги повикаа сите граѓани на Лондон да твитаат доколку ги забележат вредните гулаби на задача.

Испрати коментар

Scroll To Top