Насловна / Вести / Изложба на Мишо и Урош Вељковиќ во МКЦ

Изложба на Мишо и Урош Вељковиќ во МКЦ

Вечер (18 март) во Младинскиот културен центар ќе биде отворена ретроспективната изложба на таткото и синот Вељковиќ -која претставува 45 години творештво на Мишо Вељковиќ и 15 години творештво на Урош Вељковиќ.

Изложбата ќе биде поставена до 3 април годинава.izlozbaveljkovic

Во делата на Мишо, како што пишува Горјан Ѓорѓиев, се е подредено на неговиот внатрешен свет, неговата агресија, бес, очај, неговата душа или во крајни црти на неговата животна приказна.

Според Ѓорѓиев, Урош е бунтовник, музичар, графичар, сликар. Сликите, како што се наведува, се подредени на неговата агресија, бес, разулавен ритам на фигури и линии кои по секоја цена ќе се наметнат на публиката.

Изложбата ќе ја отвори директорот на МКЦ Златко Стевковски.

Испрати коментар

Scroll To Top