Насловна / Арт и дизајн / Јапонците прават нова генерација возови кои ќе се вклопуваат во околината

Јапонците прават нова генерација возови кои ќе се вклопуваат во околината

Познатиот јапонски архитект Kazuyo Sejima ќе дизајнира нови возови што ќе бидат направени од рефлектирачки материјали.

Јапонската мрежа на возови  Red Arrow се состои од локомотиви и вагони со традиционален изглед и интензивни бои кои доста отстапуваат од животната средина.kazuyo-sejima

Затоа, Seibu Group го ангажирала познатиот архитект Kazuyo Sejima да осмисли нови возови, кои ќе изгледаат поубаво и „поприродни“, пишува Spoon Tamago.

Новите возови многу подобро ќе се вклопуваат во околината, бидејќи ќе бидат во можност да ја одразуваат природата и околината во кои тие се наоѓаат и се движат.

Како и претходните дела на овој јапонски архитект, и неговите возови ќе бидат направени од рефлектирачки, односно може да се каже, транспарентни материјали.

Sejima доби задача да го дизајнира ентериерот и екстериерот на возовите до 2018 година.

Испрати коментар

Scroll To Top