Ирска усвои: Сите нови домови во предградијата на Даблин мораат да бидат пасивни.
Истражувањата покажале дека оваа одлука нема да ги зголеми цената и трошоците на изградба, но бара повеќе вештини на мајсторите и инженерите.
Властите во ирската област Dun Laoghaire-Rathdown, во предградието на Даблин, донеле регулатива според која изградбата на новите куќи според стандардите на пасивна изградба е обврзувачка.
Иако на прв поглед се чини дека делува по малку екстремен, всушност, овој чекор не е толку голем бидејќи прописите за градење во оваа област се веќе многу високи.
Сепак, оваа вест стигнала до ирскиот министер за животна средина, кој бил загрижен дека со овој закон ќе се зголеми цената на градењето. Сепак, Пет Бери од Ирскиот совет за зелено градење го демантира во Passive House Plus таквото мислење објаснувајќи дека изградбата на на пасивните куќи чини „колку што е конвенционално изградена куќа“.
Достигнувањето на стандардите на пасивно градење е повеќе прашање на вештината, отколку на скапите гаџети.
На пример, барањето на херметичност не е дополнителен трошок, бидејќи тоа сигурно го бараат градежните прописи.
Еве колку чини да се изгради куќа од 100 квадратни метри во Даблин без цената на земјиштето: