Насловна / Архитектура / Предавање „Глобални предизвици за архитектурата во ХХI-от век“ на архитектот др Владимир Ладински

Предавање „Глобални предизвици за архитектурата во ХХI-от век“ на архитектот др Владимир Ладински

Во вторник (22 март) со почеток во 19.30 часот во Кино Култура ќе одржи предавање архитектот д-р Владимир Ладински на тема „Глобални предизвици за архитектурата во ХХI-от век“.

Предавањето се состои од неколку тематски целини: 1. Предизвици произлезени од промените во животната средина (климатски промени, загадувања, прекумерно користење на природните ресурси и сл), 2. Предзвици произлезени од промените во социјалната сфера (демографски промени вклучително со стареење на населението и сл.) и 3. Предизвици произлезени од промените во економската сфера (концентрација на капиталот и раслојување на населението, ерозија на професиите и слично).vladimir ladinski

Д-р Владимир Ладински e  Принципал архитект/раководител на архитектонскиот тим при Службата за домување, проектирање и технички услуги при Советот на метрополитанската околија Гејтсхед во Англија и вонреден професор на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Се стекнал со интедисциплинарно образование во доменот на архитектурата, инженерството, урбанистичкото и просторното планирање, како и лидерството и менаџментот на образовни институции во Република Македонија, Словенија и Велика Британија.Gateshead

Меѓународното искуство во приватниот и јавниот сектор во доменот на архитектонското проектирање ги опфаќа и просторите на Република Македонија и Англија и е насочено врз проектирањето на нови и реконструкцијата, адаптацијата и доградбата на постојни објекти од образовен, социјален, станбен и јавен каратер, вклучително со проекти во рамките на заштитени амбиентални средини и заштитени објекти од градителското наследство. Проектот за Обнова, адаптација и доградба на бившата црква „Ст. Мери“, заштитен објект на градителско наследство од прва катаегорија и репер објект, во Центар за културно наследство, на кој тој е проект архитектот/водечкиот проектант, е добитник на три награди на Кралскиот институт на британски архитекти и тоа на Наградата за конзервација на Сверната мрежа на институтот (2011), Златна награда за архитектура на северната мрежа на институтот (2011) и Регионална награда за архитектура на институтот (2009), како и на наградата Златен ловоров венец на Асоцијацијата на овластени инженери за зградарство (2009).

Автор е над 100 труда во стручни списанија во земјата и странство, како и автор на повеќе трудови публикувани во меѓународни научни списанија и зборници од конференции.

Истражувачките интереси се во доменот на одржливото проектирање, квалитетот во проектирањето, проектирање за потребите на лицата со посебни потреби, како и обновата по скопскиот земјотрес од 1963-та година.

Испрати коментар

Scroll To Top