Насловна / Вести / Општина Центар го чисти одводниот канал во „Мало курило“

Општина Центар го чисти одводниот канал во „Мало курило“

Општина Центар го започна пролетното чистење на одводниот канал во „Мало курило“, кој се наоѓа над улицата „Загребска“ и ресторанот „Два Елена“.

Каналот ги собира големите води на Водно и е брана од можно поплавување на овој дел на Центар.malo kurilo_5

Каналот не бил исчистен повеќе од десет години поради што бил полн со смет, зараснати трски и гранки.

Во летниот период, змиите и комарците беа опасност за граѓаните.malo kurilo_2

Службите од општината веќе почнаа со рачно чистење на каналот, а од понеделник влегува и механизација.

malo kurilo_1

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски ги повикува и другите градоначалници кои имаат вакви канали на Водно да ги исчистат, бидејќи при големи врнежи од дожд може да дојде до поплавување на половина град.malo kurilo_3

По средбата на жителите со градоначалникот Жерновски, поставена е ограда во должина од 100 м на улица „Загребска“. Оваа заштитна ограда е поради безбедноста на граѓаните и опасноста од излизгување.malo kurilo_4

Испрати коментар

Scroll To Top