Општина Центар започна со комплетна реконструкција на улицата „Никола Тримпаре“, на потегот од улица „Апостол Гусларот“ до улица „Ленинова“.
Улицата и тротоарите се уништени со ударни дупки и искршени рабници, па со реконструкцијата ќе се извади целиот слој на улицата, ќе се постави нов тампонски слој на подлогата, два слоја асфалт и ќе се стават нови тротоари од павер елементи.
Улицата „Никола Тримпаре“, која се наоѓа меѓу ООУ „ЈХ Песталоци“ и градинката „13 Ноември“, е со должина од 180 метри.