Русија ќе инвестира 17 милијарди долари во развој на производството на електрична енергија од обновливи извори до 2020 година, најави рускиот министер за енергетика Александар Новак. Според проценките на руската влада, производството на енергија од обновливи извори во Русија ќе се зголеми дури за три пати до 2020 година. Министерот Новак, подвлече дека уделот на нуклеарната енергија во домашното производство ќе порасне од сегашните 16% на 19%. Руските компании во моментов градат девет нуклеарни реактори во земјата и 19 во странство.
Извор: Oil and Gas Eurasia