Како дел од проектот чија крајна цел е подобрување на условите за возење велосипед и велосипедската инфраструктура, Општина Центар спроведува прашалник и мапирање на велосипедското движење.
1. Во периодот 08-22 март ќе се спроведе електронски прашалник
http://web-rating.mk/warpit/survey/index.php?loginSID=31068e2744524e5-21
Според информацијата од Општина Центар, целта е да се добијат податоци врз база на секојдневното искуство од движењето низ градот што го имаат граѓаните, како и тоа кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат граѓаните кога го користат велосипедот како транспортно средство.
Се пополнува електронски и е наменет за сите граѓани на Скопје кои користат велосипед, но и за оние кои се заинтересирани во иднина да користат и би сакале да се подобрат условите.
Во изготвувањето на прашалникот со свои сугестии помогнале професори од Архитектонскиот факултет и волонтери од НаТочак.
2. Проектот има и втора фаза – истражување на движењето на велосипедистите преку мобилни апликации, поточно STRAVA.
Следењето на движењето интензивно ќе се спроведе во периодот 22 март- 22 април, а доколку имате паметен телефон, можете уште од денес да вклучувате „Страва“ кога го користите велосипедот како превоз.