Насловна / Архитектура / Необична куќа од 1970 година повторно е отворена за јавноста

Необична куќа од 1970 година повторно е отворена за јавноста

Куќа со необичен облик Bubble House изградена во 1970 година, а проектирана од страна на унгарскиот архитект Antti Lovag, денес по пет години реновирање повторно е отворена за јавноста.babblehouse_10

Архитектот Antti Lovag сметал дека приватните домови треба да бидат место на слобода на оние што живеат во нив. Водејќи се од оваа дефиниција, тој ја дизајнирал Bubble House во која прави агли, и, генерално, рамни површини, не постојат.

babblehouse_02

Куќата била дизајнирана за авантуристот и филантроп Pierrе Bernard, а се наоѓа во јужниот дел на Франција, во градот Theoule Sur Mer.

babblehouse_09

Во текот на процесот на проектирањето и изградбата на куќата, архитектот живеел на градилиштето. По проучување на карактеристиките на теренот, тој одлучил да изгради куќа од флексибилни челични рамки, преку коишто во завршната фаза се излива бетон, пишува Designboom.babblehouse_08

Ова семејна куќа вклучува низа заеднички но и приватни простори наменети за секој член на семејството кое живеело во Bubble House.

babblehouse_07

По 40 години, фондацијата Maison Bernard ангажирала француски архитект за реконструкција на Bubble House.babblehouse_06

Целиот процес на реновирање траел пет години и во голема мера подразбирал употреба на интензивни бои, кои во секој простор на куќата во потполност го дефинирале идентитетот.babblehouse_05

Секоја година фондацијата Maison Bernard, помошната куќа, која била изградена за тогашните потреби на Antti Lovag, ја дава на употреба на шест месеци на користење на избран уметник. Уметникот добива и стипендија, но и обврска во текот на својот престој да го заврши својот уметнички проект.babblehouse_04

Реконструираниот објект е отворен за јавноста секој вторник од октомври до април, и секој втор вторник во периодот од мај до септември.babblehouse_03 babblehouse_01

Испрати коментар

Scroll To Top