Фирмата „Изворче – Монтесори“ планира да гради приватна детска градинка, приватно основно училиште и научно-истражувачки центар за деца во општина Илинден.
На електронско јавно наддавање, фирмата „Изворче-Монтесори“ даде најдобра понуда и стана сопственик на градежна парцела во општина Илинден од 10.400 метри квадратни, на која ќе се гради комплексот „Монтесори“.
Главна карактеристика на комплексот е големата површина под зеленило, која подразбира изведба на стакленик, дрворед, ливада, тревник, парк-шума, цветна површина и водна површина.
Научно-истражувачкиот центар за деца ќе биде единствен од ваков вид во земјава, како и еко и агро градината што ќе им бидат достапни на децата.
Не во „Илинден“ туку во Марино во Општина Илинден.