Трговскиот центар La Part Dieu, во францускиот град Лион ќе добие ново руво. И тоа не било какво, туку раскошно и иновативно, со фасада која изгледа како да испарува и со парк на покривот. Ротердамската компанија MVRDV го дизајнирала новиот изглед на шопинг центарот кој е комбинација од комерцијалне простор, простор за одмор и јавни површини во форма на тераса и градини.
Со интервенција врз постоечкиот паркинг ќе се добие повеќе искористлив простор за други активности. Долните катови од објектот остануваат и понатаму шопинг зона, а горните катови ќе бидат искористени за ресторани, паркови, кино и паркиралишта.
Главниот влез од источната страна ќе овозможува пристап до железничката станица, а планирана е и промена на главниот плоштад.
Во настојувањето да се зачува оригиналниот идентитет на фасадата од 1975 година, но сепак да имплементираат ефикасност и иновативност, архитектите се одлучиле на полутранспарентна фасада со интересен ефект кој изгледа како испарување/кондензација.