По неколкугодишни градежни зафати заврши целосната реконструкција на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во прилепско Зрзе.
Во изминатиот период реализирани се зафати за ревитализација на монашкиот и изградба на владички конак, возобновена е иконописната работилница, обезбедени се услови за копаничарска дејност на монасите во едно од најубавите македонски светилишта и заштитен споменик на културата, манастирскиот комплекс „Св. Преображение“.
Се реконструираше и возобнови монашкиот и владичкиот конак на површина од 1.300 м2.
За комплетните зафати во овој еден од најубавите манастирски комплекси во земјава, ресорното министерство одвоило 1.5 милиони евра, со напомена дека во меѓувреме беа инвестирани 1,6 милиони евра и за целосна обнова и и асфалтирање на 7,5 км пат кој води до конаците, како еден од клучните сегменти за непречен развој на манастирскиот туризам во земјава.
На градежните работи на конаците претходеа 1,5-годишни археолошки истражувања, кои откриле дека овој манастир не датира од 14-от век, како што првично се мислело, туку од 9-от век, што на ова светилиште му дава уште поголемо историско значење за ширењето на христијанството на овие простори.