Насловна / Вести / Почна собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

Почна собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

Започна дводневна акција за собирање на кабаст отпад низ општина Кисела Вода.
Денес камионите на ЈП „Комунална хигиена” во соработка со општина Кисела Вода, започнаа да ги собираат стариот мебел, душеци и друг волуменозен отпад сличен на овој, кој граѓаните го имале во својот дом.
Преку Секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО, акцијата се спроведува поодделно по урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот.кабаст материјал отпад
Денес ќе бидат опфатени жителите на урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија, Црниче, Пржино и 11-ти Октомври – згради, додека утре (05. 03. 2016 година) од 07,00- 11,00 часот, кабастиот отпад пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, ќе можат да го депонираат жителите на УЗ Кисела Вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври – бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ.село Драчево и МЗ. Припор.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните отпадот уредно да го депонираат, како не би се загрозил сообраќајот за автомобилите и пешаците

Испрати коментар

Scroll To Top