Наместо хотелот со футуристички изглед на Заха Хадид, на местото на поранешната фабрика „Беко“ во Белград ќе биде изграден „едноставен“ комплекс на површина од околу 100.000 квадратни метри.
Иако и првобитниот проект на славната архитектка Заха Хадид, и покрај бројните шпекулации, доби зелено светло од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, тој нема да биде реализиран.
Според новите податоци објавени на сајтот на компанијата Lamda, од старите згради на фабриката „Беко“ ќе биде задржана петкатната главна сала, која ќе биде трансформирана во централен дел на хотелскиот комплекс со пет ѕвезди, пишува „Новости“.
Бидејќи комплексот се наоѓа во рамките на Белградската тврдина, како дел од културното наследство од исклучително значење за Србија, стручната јавност во 2012 година се побунила против првобитниот план за изградба на таа локација.
Според експертите, новата градба ќе го попречи погледот на тврдината од реката.
Во комплексот, покрај хотелот ќе бидат изградени и стоковна куќа и деловни простории.