Градежните активности кои се дел од проектот на општина Кисела Вода за продолжување на постојната водоводна мрежа на улица „Саса 30“, пуштена во употреба пред три години, се во тек.
Екипите работат на поставување на цевки од дуктулно железо со различен дијаметар, во должина од околу 740метри.
На оваа мрежа ќе се приклучат околу 30 до 40 домаќинства кои живеат во непосредна близина, а можност за приклучок, во иднина ќе имаат и новоизградените објетки во тој дел од населбата Пинтија.
Општина Кисела Вода за изградбата на новата водоводна мрежа одвои вкупно 5.893.214 денари. Според договорот градежните активности треба да завршат за 90 дена од почетокот на изведбата на проектот.