Дизајнерите на ентериери се добро запознати со парадоксот каде при проектирањето на минималните станови, со цел да се добие максимално искористен простор, креативноста оди до својата најгорна граница.
Јелена Потемкин го има дизајнирано ентериерот на овој мал студио апартман водејќи се од потребите на клиентите како и од желбата да се добие еден елегантен и функционален простор. На површина од 29 м2 (не сметајќи го балконот), овој мал стан е сочинет од едноставни парчиња мебел кои го одржуваат чувството на просторност.
Неутралната палета на бои која е искористена во овој стан како и сосема паметното решение на трпезаријата, им оставаат доволен простор на станарите сами да истражуваат околу темите за поинаква декорација.