ЃОКО РАДОВАНОВИЌ, дипл.инж.арх. и НИКОЛА СТРЕЗОВСКИ, апсолвент на арх. факултет
Барокот на нашето подрачје присутен во свеста на архитектите и инвеститорите, станува на почетокот на 21 век.
За да одговори на барањата на новата свест „Бирото на еволуција на нов
концепт“ чии учесници се Ѓоко Радовановиќ, Никола Стрезовски,
Caixiaoshan, Mace24DE, D_Monet, Duduman, изработија проект за центар на
градот надвор од градот како административен објект кој во себе може да
ги обедини сите барања за работен простор на постојните министерства и
институции кои сé уште не се вдомени.
Објектот е лоциран на површина
220х260 метри или вкупно 57200м2. Целиот комплекс располага со 84720м2
активен административен простор. Централната кула 35х35 метри, со
висина на слеме 192 метри, со можност за поставување на антена со што
би се зголемила висината на 226 метри, и така би станала највисоката
зграда на овој дел на Европа.
Поседува паркинг простор за 2200 возила
или 4400 м2, на 6 подземни нивоа. Проектирана е да ги задоволи сите
позитивни прописи и стандарди кои владеат кај нас и во исто време да ги
исполни во потполност сите желби на инвеститорот. Сложените форми, како
и динамичното спротивставување и интерпретацијата на просторни целини
избиваат во прв план како средство за интензивирање на чувството за
барок во нашето време.