Хрватската метропола ќе вложи неколку стотици милиони куни (неколку десетици милиони евра) во седум проекти од модерната архитектура со содржини кои му недостасуваат на градот. Поголем дел од средствата ги обезбедуваат приватните инвеститори, а во еден дел учествува и Европската комисија.
Центар „Ланиште“
Центарот што ќе се наоѓа во истоимената нова загребска населба, всушност ќе биде културен и граѓански центар во модерна зграда на пет ката. На архитектонскиот конкурс е избран проектот на компанијата „Overland“. Инвеститор е приватна компанија
Деловна зграда „Блато“
На јужниот влез во градот ќе се гради деловна зграда „Блато“. Инвеститор е приватна компанија
Комплекс „Кајзерица“
Најголемо градилиште, сепак, ќе биде комплексот „Кајзерица“, каде веќе мината година е изграден воспитно-образовен центар, а во моментот се работи на изградба на Регионален центар за развој на претприемачки компетенции за земјите од Југоисточна Европа (SEECEL). На листатa на чекање се уште два проекти за овој комплекс. Инвеститори се Хрватската Влада и Eвропската комисија.
URIHO
URIHO (Установа за професионална рехабилитација и вработување на лица со инвалидитет). Овој објект ќе овозможи единствен комплекс за сместување, спортски активности и рехабилитација на лица со посебни потреби. Инвеститор е град Загреб.
Комплекс „Средишче“
Целиот комплекс ќе се простира на околу 30.000 квадратни метри. Неодамна комплексот доби нов музеј на Современа уметност и низа станбени згради. Во иднина, планирана е изградба на голем воспитно-образовен комплекс кој ќе има и американско училиште. Целиот комплекс ќе се гради во фази. Инвеститор е град Загреб.