Првиот аеродром кој се напојува со соларна енергија на африканскиот континент е „Џорџ“ во Јужноафриканската Република. По повод свеченото оторање, министерот за транспорт на ЈАР изјави дека овој потег ќе ги зајакне еколошките иницијативи на африканскиот континент. Електричната енергија се генерира преку фотоволтаици со инсталирана моќност од 750 kW. Инсталираниот капацитет ќе се зголемува со текот на времето, а вишоците ќе се продаваат на националната електроенергетска компанија „Еском“. Инвестицијата вреди еден милион американски долари.
Се работи само за еден од серијата проекти кои ги планира ЈАР, според кои во периодот 2025-2030 година сите девет аеродроми во земјата ќе користат „чиста“ енергија за сопствените потреби.