Насловна / Вести / Во недела привремен сообраќаен режим на дел од бул. „Трета македонска бригада“

Во недела привремен сообраќаен режим на дел од бул. „Трета македонска бригада“

Привремен сообраќаен режим ќе биде воведен во недела од 8 до 18 часот на дел од булеварот „Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улица „Пролет“ до крстосницата со улица „Никола Карев“.

На тој дел од патот ќе се изведуваат попречни прекопи, соопшти денеска Град Скопје.tretamakbrigada

Во тек на привремениот сообраќаен режим ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Испрати коментар

Scroll To Top