Насловна / Архитектура / Дом со најубав поглед во Париз

Дом со најубав поглед во Париз

Овој неверојатен стан на две нивоа е сместен во луксузна зграда во срцето на Париз.

Објектот датира од 1914 година и има дневна соба во стилот на „работилница“, шест метри високи тавани и убав светларник, кој овозможува целиот стан да биде исполнет со природна светлина.najubav pogled vo pariz (20)

Со три спални и три бањи, овој стан нуди уникатен поглед на романтичната престолнина на светот. Замислете какво уживање е да се разбудите наутро и првото кафе да го пиете со префинетиот поглед кон Ајфеловата кула.

Овој прекрасен стан во Париз има и голема кујна, која е опремена со исклучителни погодности.najubav pogled vo pariz (12)

Секоја спална соба има сопствена бања, додека „мастер“ спалната соба нуди нешто навистина посебно – поглед на Ајфеловата кула директно од кревет.

Не смееме да заборавиме да ја споменеме и работната соба во форма на мезанин, како и приспособените гардеробери, кои на совршен начин го комплетираат овој прекрасен стан. Неговата цена е 3,69 милиони евра.najubav pogled vo pariz najubav pogled vo pariz (2) najubav pogled vo pariz (3) najubav pogled vo pariz (4) najubav pogled vo pariz (6) najubav pogled vo pariz (7) najubav pogled vo pariz (8) najubav pogled vo pariz (11) najubav pogled vo pariz (10) najubav pogled vo pariz (9) najubav pogled vo pariz (5) najubav pogled vo pariz (13) najubav pogled vo pariz (14) najubav pogled vo pariz (15) najubav pogled vo pariz (16) najubav pogled vo pariz (19) najubav pogled vo pariz (18) najubav pogled vo pariz (17)

Испрати коментар

Scroll To Top