И на дел од Водно, во реонот на американската резиденција, ќе биде ограничена брзината на возење најмногу до 30 километри на час. Така побарале граѓаните од општинарите од Центар.
Општината распиша оглас за изработка на основен сообраќаен проект и ревизија за воведување на зона во која е ограничена брзината на движење на возила на подрачје на населбата Водно. Тоа значи дека ќе се воведе т.н. „зона 30 – за безбеден Центар“, која од пред четири месеци е воведена и во дел од Дебар Маало.
Општинарите појаснуваат дека оваа зона на Водно ќе важи на улиците „Ацо Караманов“, „Загрепска“ и „Питу Гули“.
„Во блиска иднина, планирано е таква зона да се воведе во дел од Капиштец, како и кај Тасино Чешмиче“, информираат од општина Центар.