Нови објекти во центарот на Скопје ќе добијат барокно руво. Градот Скопје објави три повици за избор на идејно решение за реконструкција и доградба на фасадите на вкупно шест објекти.
Изведба на „стилизирана“ фасада од проектот „Скопје 2014“ го чека објектот на „Трготекстил“ кај трговскиот центар „Рамстор“, зградата на „Технометал“ и уште две други градби на плоштадот „ВМРО“, како и двата објекти лоцирани помеѓу „Сити галери“ и Градскиот трговски центар на плоштадот „Македонија“.
Вкупната сума за реконструкција на фасадите е околу 187 милиони денари или околу три милиони евра.
Претходно пак, Советот на град Скопје го утврди изгледот на фасадите на уште 15 други објекти во центарот на градот.
Во јавните повици на градска власт стои дека изгледот на новите фасади треба да биде одраз на урбаниот карактер на градот и на околината во која се наоѓаат објектите.