Славната Заха Хадид одлучи на светот да му го претстави своето ново архитектонско чудо насловено One Thousand Museum.
Изградбата на овој објект е веќе започната и дефинитивно ќе биде еден од најпрепознатливите објекти во архитектонската магија на Мајами.
One Thousand Museum ќе има 62 ката, на коишто ќе се наоѓаат станбени простори, дуплекс апартмани, како и мноштво деловни простории. Ова ќе биде прв објект кој ќе има околу себе егзоскелет кој ќе дава цврстина, но, и нова димензија на оваа прекрасна зграда. Овој егзоскелет ќе биде направен од мешавина од фиберглас и бетон.
Станарите на оваа зграда, исто така, ќе имаат на располагање убав панорамски поглед на Мајами и заливот, пристап до хелиодром, како и аква центар, кој нуди многу базени и незаборавна забава.
Се претпоставува дека објектот ќе биде завршен во 2017 година.