Општина Центар ја започна реконструкцијата на фасадата на зградата на булевар „Илинден“ бр. 83.
Оштетената фасада, која не беше реконструирана речиси 60-тина години и од којашто паѓаше малтер и цели делови, ќе добие нов лик, енергетска ефикасност и пониски сметки за струја.
Оваа зграда со површина од 2 135 м2 е девета по ред која ја реконструира општина Центар. Како и за сите досега се задржува автентичниот архитектонски изглед, а фасадните бои ќе биде во договор со граѓаните.