Насловна / Вести / Европската комисија со финансиска поткрепа за ТПГ терминалот на Крк

Европската комисија со финансиска поткрепа за ТПГ терминалот на Крк

Krk ostrov

Европската Комисија им даде подршка на проектите кои го унапредуваат пристапот на глобалниот пазар за течен природен гас (ТПГ), меѓу кои се наоѓаат два проекти од Хрватска, најмладата членка на Унијата. Се работи за транзитниот гасовод Злобин – Слободница, и проектот од особена важност не само за Хрватска туку и за регионот – ТПГ терминалот на Крк во местото Њивице. За двата проекти Хрватска доби 20 милиони куни.

krk hrvatska mapa

„Течниот природен гас и складиштењето на гас ќе ја подобрат енергетската сигурност на ЕУ“, порачуваат од Европската Комисија на претставувањето на законскиот пакет за енергетска сигурност, при што посебен акцент е ставен на ТПГ како иднина на енегетската одржливост на Европа.

За да се најде на листата за финансирање на Европската Комисија, проектот мора да има значајно влијание на пазарот на енергија на најмалку две земји од Унијата, да ја зголеми конкуренцијата на енергетските пазари, како и да влијае на  зајакнување на  енергетската сигурност преку диверзификација на изворите на снабдување.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top