Просечната цена на квадратен метар стан во новоградба во Црна Гора во 4 квартал во 2015 година изнесувала 1.114 евра. Цената на стан во новоградба во последниот квартал во 2015 година е поголема за 7,4 отсто во однос на истиот квартал претходната година, додека за 0,3 отсто е поголема во ондос на 3 квартал во 2015 година, соопшти црногорскиот Завод за статистика, Монстат.