Општина Ресен почна со реконструкција на улицата „Мите Богоевски“, која е дел од поширокиот простор на градскиот плоштад во Ресен.
Со реконструкцијата на 300 метри од оваа улица и дел од градскиот плоштад, ќе се добие ново партерно уредување на улицата која ќе биде наменета само за пешаци. Ќе има осветлување со канделабри и урбана опрема од клупи и канти за отпадоци, а улицата ќе биде и хортикултурно уредена.
Градежните активности предвидено е да траат до почетокот на летото, по што очекува пристапната улици до ресенскиот плоштад да добие нов лик.
За реконструкцијата на улицата „Мите Богоевски“ од општинскиот Буџет издвоени се четири и пол милиони денари.