Насловна / Арт и дизајн / „Титаник II“ треба да заплови во 2018

„Титаник II“ треба да заплови во 2018

Handout of artist's rendering of proposed cruise ship Titanic II in New York

За две години по светските океани би требало да заплови репликата на легендарниот „Титаник“ кој потона во 1912 година, која едноставно е наречена „Титаник II“. Се работи за проект вреден 500 милиони евра, на австралискиот милијардер Clive Palmer и неговата компанија Blue Star Line.

Titanik II1

Новиот брод ќе изгледа идентично на својот претходник, но ќе биде поширок четири метри. Должината на бродот ќе биде 270 метри, а тежината 56.000 регистарски тони. За разлика од оригиналот, неговиот труп ќе биде заварен, а не прицврстен со заковки, со што ќе бидат задоволени актуелните сигурносни прописи. Разликата, секако, ќе биде и во бројот на чамци за спасување. Како што е познато, меѓу другото, токму поради недоволниот број на чамци за спасување во трагедијата биле спасени само 706 патници, а загинале 1.517.

Titanik II2

Што се однесува до капацитетот на новиот брод, тој ќе може да прими 2.400 патници и 900 членови на екипажот распоредени во 840 кабини на девет ката. Ито како и во „оригиналот“, патниците ќе бидат сместени во три класи. Директорот за маркетинг на Blue Star Line, истакнува дека бродот ќе има модерни процедури за евакуација, дигитална навигација и модерни техники за справување со сите ризици.

TitanikII4

Првото патување на овој брод е планирано за 2018-та, и тоа од кинескиот град Џиангсу кон Дубаи.

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top