Вечерва во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од меѓународната Кичевска ликовна колонија.
Ќе бидат изложени творби од 19 автори учесници на 22 издание на колонијата од земјата и од Бугарија, Србија, Црна Гора, Казахстан, Малезија, Албанија,Кипар…
Меѓу делата се наоѓаат и творби од еминентите македонски автори Жарко Јакимовски, Васко Ташковски, Слободна Милошески, Емил Шулајкоски, Ѓорѓи Чулаковски- Ѓото, Решат Амети, Христина Зафировска и др.