Хибридниот BMW 330e, е еден од атипичните модели на баварскиот гигант. Заради строгите еколошки норми, европските производители на автомобили во својата гама често вклучуваат хибридни модели. Новиот модел на BMW не само што безусловно ги исполнува сите барања во однос на екологијата, воопшто не запоставува ниту еден сегмент од луксузот и раскошот карактеристичен за овој бренд.
Овој модел му овозможува на соспственикот заштеда во потрошувачката, но и опција на кратки релации да вози исклучиво на електричен погон. Имено, автомобилот може да помине до 40km со едно полнење на батеријата, при што максималната брзина може да биде околу 120km/h, но за градско возење тоа е повеќе од доволно.
Но, кои се всушност карактеристиките кои го прават овој автомобил толку „зелен“? Според фабричките податоци, просечната потрошувачка во комбиниран циклус на возење се движи од 1,9 до 2,1 l/100 km, а CO2 емисијата изнесува 44-49 g/km.