Град Скопје денеска почна акција за садење на листопадни дрвја во сите скопски општини и тоа во дрворедите, по улиците и по булеварите. Засадени се 80-ина липи и ликвидамбери.
– Денеска насадивме осумдесетина садници од двете страни на булеварот „Борис Трајковски“. Ова е продолжение на заложбите на Градот да го направиме Скопје почисто и подобро место за живеење и како што знаете од 2009 година досега се насадени 60.000 садници, од кои 20.000 се зимзелени грмушки. Во мај беа засадени 25.000 рози, а следната пролет планирано е да се засадат уште 10.000 рози – вели градоначалникот Коце Трајановски.
Акцијата на Градот и на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе трае до крајот на март, а со неа се планира да се обноват веќе постојните дрвореди по улиците или булеварите или да се оформат нови. Во општина Аеродром ќе бидат засадени 401 садник, во општина Кисела Вода 124, во општина Ѓорче Петров 63, во општина Центар 433, во општина Карпош 453, во општина Чаир 140, во општина Бутел 300, во општина Гази Баба 178, во Шуто Оризари 50 и во општина Сарај 35 садници.
ne trebase lipi da sadat ima drugi listopadni drva lipite se katasrofa za kolite , trotoarite i predizvikuvaat mnogu alergii