Полската енергетска компанија Tauron наскоро планира изградба на хибридна електрана, прва од таков вид во Полска. Соларната електрана со моќност во почетната фаза од 100 kW, ќе има литиум јонски систем за складирање на енергијата. Работите би требало да завршат до крајот на 2016 година, а кога целосно ќе биде готова, електраната ќе има вкупна моќност од 410 KW. Целосната интеграција на сите елементи ќе биде постигната до 2020 година, додека истражувачката фаза и комплетниот проект до 2023 година, јавува ‘Warsaw Business Journal’.