Насловна / Арт и дизајн / Изложба на наградените автори на „Остен“

Изложба на наградените автори на „Остен“


Делата на 23 остенови уметници се изложени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Се работи за дела на македонски и на странски уметници, кои беа дел од ОСТЕН Биенале на наградени автори – 41. Светска галерија на цртеж – Скопје 2013. Изложбата трае до осми декември, а јавноста ќе има можност да ги види остварувањата на Владимир Величковиќ (Франција/Србија), Глигор Чемерски (Македонија), Ниче Василев (Македонија), Стоимен Стоилов (Австрија/Бугарија), Златко Гламочак (Франција/Црна Гора), Тијана Којиќ (Србија), Јеонгмин Сух (Јужна Кореја), Марк Фризинг (Луксембург), Атанас Ботев (Македонија), Венцеслав Антонов (Бугарија), Мирјана Крстева Массетти (Македонија), Тони Шулајковски (Македонија), Павле Кузманоски (Македонија), Новица Трајковски (Македонија), Мице Јанкуловски (Македонија), Владимир Илиевски (Македонија), Зоран Малиновски (Канада/Македонија), Драган Караџиќ (Црна Гора), Симонида Филипова Китановска (Македонија), Татјана Манева (Македонија), Благојче Бане Наумоски (Македонија), Невзат Бејтули Кица (Македонија) и Павле Пејовиќ (Црна Гора). „Сите тие се доказ дека уметноста создава мостови кои ги поврзуваат луѓето и световите колку и да се различни. Тоа е цел и на нашата установа“, рече Корнелија Конеска, извршен директор на Остен Скопје. Добитник на наградата „Гран При на Остен Биенале на наградени автори – 41. Светска галерија на цртеж – Скопје 2013“ е реномираниот македонски уметник Глигор Чемерски.

Испрати коментар

Scroll To Top