Утре (4 февруари), во ликовниот салон на „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од 52. меѓународна Струмичка ликовна колонија на која учествуваа 18 автори од повеќе држави – Србија, Бугарија, Полска, Русија, Црна Гора и Македонија.
Еден дел од уметниците кои биле инспирирани од старата архитектура и тесните улички и сокаци на Струмица ги пренеле своите импресии на ликовните платна, додека други сликале свои апстрактни или асоцијативни теми…