Насловна / Вести / Еколошка катастрофа: Пресушило големо езеро во Боливија

Еколошка катастрофа: Пресушило големо езеро во Боливија

Marks of car tires are seen on the dried Poopo lakebed in the Oruro Department, south of La Paz, Bolivia

Езерото Poopo, некогаш второ по големина во Боливија, целосно пресушило како последица на глобалното загревање, но и загадувањето кое го предизвникуваат околните рудници. Poopo, кое се простирало на површина од  27.700 квадратни километри, било второ во големина во земјата по езерото Титикака. Се работи за еколошка катастрофа, при што изумреле неколку милиони риби и околу 500 птици, но серизоно е загрозен и опстанокот на локалното население.

Ezero poopo bolivija presuseno

Најглем дел од жителите се занимавале со рибарство, па сега с еприморани да се иселат во потрага по егзистенција. Локалните активисти за заштита на животната средина ја обвинуваат владата за исчезнувањето на езерото, истакнувајќи дека лошо управувала со водените ресурси и го занемарувала интензивното загадување. Тие сметаат дека главен виновник за оваа катастрофа е државниот рудник за калај, кој со години исфрлал отпад во притоките на езерото.

Ezero poopo bolivija presuseno1

Сателитските снимки направени во периодот помеѓу 1986 и јануари 2016 година, покажуваат дека езерото кое се наоѓа на височина од 3.680 метри на Андите, испарило целосно за само 30 години, оставајќи зад себе потполно исушено корито.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top