Julien Malland е француски уметник кој ги украсува здодевните фасади на зградите претворајќи ги во уметнички дела. Во рацете на овој уметник секоја фасада добива нов живот и претставува отвор во димензиите на еден нов поинаков свет.
Malland ја живее својата уметност и често патува во разни земји за да остави уметничка трага.
Досега на неговата мапа се нашле Индија, Кина, Мексико, Индонезија и Виетнам.
Тој редовно соработува со бројни локални уметници со кои слика огромни мурали на зградите во нивните градови.
По потекло од Париз, Malland активно слика од деведесеттите години, а досега има објавено две книги кои ги содржат некои од неговите највпечатливи креации.