Познатиот актер Леонардо ди Каприо, кој годинава е номиниран за Оскар за улогата во филмот „Повратник“, е голем поборник за заштита на животната средина, напуштање на искористувањето на фосилни горива и вложување во нови зелени извори на енергија.
На неодамна завршениот економски форум во Давос, тој истакнал дека неговата фондација ќе донира 15 милиони долари за заштита на животната средина и апелирал до светските лидери да се борат против глобалното загревање. Папата Франциско бил трогнат од овој негов гест, и на 28 јануари го примил актерот во својата резиденција во Ватикан.