Насловна / Вести / Скопје загаденo 14 пати повеќе од дозволеното

Скопје загаденo 14 пати повеќе од дозволеното

zagadenooook
Загадувањето на воздухот со прав во Скопје е 14 пати повисоко од дозволената вредност. Мерната станица Лисиче покажа дека нивото на ПМ 10 честичките достигнало 700 микрограми на кубен метар воздух, која пак не смее да надмине повеќе од 50 мцг/м3, бидејќи е многу штетна за човечкото здравје. Мерната станица во Лисиче е поставена на место што го мери загадувањето предизвикано од согорувањата во индустријата. Концентрацијата од 700 микрограми е измерена во средата во 21 часот кога нема голема фреквенција на сообраќај. Во центарот на градот и во населбата Kарпош аерозагадувањето последниве денови се движи околу од 200 до 400 мцг/м3, што е повеќе од четири пати од дозволеното.

Испрати коментар

Scroll To Top