Насловна / Арт и дизајн / Во чест на Мандела (1918 – 2013)

Во чест на Мандела (1918 – 2013)

NelsonMandelaCapturedHowick
Ретки се луѓето што доживеале толку „подеми и падови“ во животот како Нелсон Мандела. По затворската казна од 27 години, Мандела воспоставил демократија и станал претседател на Јужно Африканската Република во 1994 година. Од тогаш тој има добиено повеќе од 250 награди во последните 40 години, вклучувајќи ја и Нобеловата награда за мир во 1993 година.

Во чест на неговиот непокорен дух, изградена е скулптура во Ховик, Јужна Африка – на истото место каде тој бил уапсен на 5 август 1962 година.

„Ова е момент во времето и просторот на Јужна Африка, кој има огромна важност“, велат на вебсајтот на Capture Site. „Можноста да се означи моментот, придодава на важноста на наследството на овој настан, и таа е овозможена од општината uMngeni, која го осмисли целиот план и процес. Тие го обезбедија имотот спроти самото место каде Мандела бил уапсен, а самата имплементација на дизајнот и повеќенаменското значење на споменикот се доказ на нивната посветеност“.
NelsonMandelaCapturedHowick1
NelsonMandelaCapturedHowick2

Испрати коментар

Scroll To Top