Насловна / Вести / Општина Кисела Вода досега легализираше 4408 дивоградби

Општина Кисела Вода досега легализираше 4408 дивоградби

Општина Кисела Вода легализираше 4408 дивоградби. Речиси 200 граѓани ги искористиле новите рокови за доставување на документација.IMG_0593
Уште 50 семејства од општина Кисела Вода денес се стекнаа со документ со кој станаа реални сопственици на својот дивоизграден објект. Со тоа, бројот на легализирани дивоградби во овој дел од градот, се искачи на 4408 или 37% од пристигнатите 11 880 предмети. Доделувајќи ги решенијата, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ истакна дека расте бројот на граѓани кои ги користат новите продолжени рокови за доставување на документацијата согласно новововедените законски измени.
– Сакам да информирам дека веќе 198 граѓани ја искористија оваа нова можност и до општинската администрација ги доставија своите барања за легализација на нивниот бесправно изграден објект. Се надевам дека ќе ја докомплетираат соодведната документација во предвидениот рок. А општина Кисела Вода, од своја страна, и во иднина ќе ја задржи добрата динамика за решавање на предметите- изјави градоначалникот на општина Кисела Вода.

Испрати коментар

Scroll To Top