Проектирањето на малите студио апартмани е секогаш предизвик повеќе за добрите архитекти и дизајнери на ентериери. Ваквите простори се сосема ограничени по својата површина, па токму затоа нивното решавање претставува спој на креативност и функционалност на сите вклучени елементи поради фактот што секоја од функциите има минимален простор.
Кога зборуваме за минимализмот, овој стан кој е дело на дизајнерот Сергеј Петров ги користи само овие парчиња мебел и материјали кои се неопходни за убав и комфорен живот. Овој апартман е наменет за „многу активна жена“. Малиот дневен престој е доволно голем за во него да се забавува интимно друштво. Спалната соба е декоративно прекриена со природно дрво.