Општина Центар започнува со акција за реконструкција и санација на ударните дупки на улиците на територијата на Водно.
Ова е со цел за подобрување на безбедноста и намалување на опасноста од оштетувања на автомобилите.
Станува збор за 35 улици, за кои граѓаните пријавија дека има оштетувања, што беше констатирано и од надлежните во општината.
Обезбедени се 1.000 тони асфалт.
Општина Центар апелира до жителите од овој дел на Центар да пријават оштетувања, за да можат службите веднаш да интервенираат.
Општината е отворена за соработка со граѓаните и за брзо решавање на нивните проблеми.
Телефон за контакт и за пријавување 3 203 614 и 075 437 069 (Кети).