Насловна / Архитектура / Бока Которска: Од концентрационен логор до луксузен хотел

Бока Которска: Од концентрационен логор до луксузен хотел

Mamula ostrov

Островот Ластавица, на кој се наоѓа тврдината „Mamula“, се наоѓа на влезот на заливот Бока Которска, и во текот на Втората светска војна бил концентрационен логор, каде италијанските трупи држеле заробеници. Во текот на војната локалното население е измачувано и гладувало во тврдината изградена во 19 век од страна на Австроунгарците, а над 150 се убиени. Денес, ова историско место ќе стане хотел со четири или пет ѕвезди, и меѓу другото ќе има приватна плажа и ноќен клуб. Јасно е дека на локалното население оваа идеја воопшто не му се допаѓа, особено на семејствата чии претци ја трпеле тортурата на ова место во војната.

Mamula ostrov sema

Тие испратиле петиција до Владата на Црна Гора, да ја смени одлуката со која островот се дава под закуп, но нивниот обид е без успех. Во оваа зделка Владата ќе инкасира 15 милиони евра, а секако и новите 200 работни места се сериозно оправдување пред јавноста. Имено, во наредните 49 години, островот и припаѓа на компанијата „Orascom Development Holding“ со право за изградба на хотел. Претседателот на компанијата ветува дека на островот ќе изгради и музеј во спомен на оние што таму ги загубиле животите. Но, останува прашањето, ќе можат ли роднините на жртвите да си дозволат престој на ова место за елитата, со цел да им оддадат почит на своите блиски?

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top