Глобалниот лидер во светот на електрониката, јапонската компанија Sony, пушти на пазарот LED сијалица, која во себе има вграден Bluetooth звучник. Сијалицата од 360 лумени е поврзана со паметни уреди преку безжична мрежа, и овозможува подесување на јачината на звукот или осветлувањето.
Овој изум овозможува слушање на музиката и на места каде во минатото било тешко да се инсталираат звучници.
Сијалицата доаѓа и со наменски далечински управувач, кој може да биде поврзан со NFC.
Звучник над масата за јадење? Тоа веќе не е проблем и таквото задоволство чини 200 евра.