Американски и француски научници лансираа нов сателит кој може да го мери нивото на океаните, во рамките на мисијата вредна 180 милиони долари, која треба да обезбеди клучни податоци за климатските промени. „Над 90% од топлината што ја задржуваат стакленичките гасови придонесува за зголемување на температурата на океаните“, вели Josh Wills, научник од НАСА кој учествува во оваа мисија.
Сателитот „Jason-3“ е лансиран со помош на ракетата „Falcon 9“ на компанијата „SpaceX“, и ќе може прецизно да ја мапира и мери состојбата на океаните 1.300 километри над нивната површина.
Патувајќи со брзина од шест километри во секунда, сателитот ќе праќа податоци на Земјата на секои десет дена.