Почитувајќи го оригиналниот изглед, бирото Satoru Hirota Architects направи реновирање и проширување на будистички храм во Токио датира од јапонската Едо ера.
Точната година на изградбата на храмот Tsunyuji не е позната, но според историските податоци се знае дека е изграден помеѓу 1603 и 1868 години.
За време на нападот во Втората светска војна, храмот бил речиси целосно срамнет со земја. Иако во 1949 година бил делумно обновен, храмот дури сега ја доби заслужената реконструкција, бидејќи во периодот на обнова по војната за неговото закрепнување биле користени само ограничени ресурси на материјали и средства кои тогаш беа достапни.
По повеќе од 60 години, тимот на Satoru Hirota изврши реновирање на старата зграда, додавајќи нови објекти и со што запуштениот храм добил нов дух.
Новиот објект со помала површина, поставен на северозапападна страна, служи како церемонијална сала, додека новата зграда на три ката во приземјето содржи канцеларии, а на горните катови се сместувачки единици.
Новиот аудиториум со триаголна основа има функција и како трпезарија, но, исто така, можел да се користи и како простор за предавања, работилници и други слични потреби. Како што истакнува главниот архитект, овој простор може да послужи и како засолниште во случај на природни катастрофи, пишува Dezeen.
При утврдувањето на материјализација за новите објекти, изборот паднал на бетонот, додека реновирањето на старите згради е изведено во кафено дрво, вклопено со белите површини и рустикалните керамиди.
Со материјализацијата е посочи разликата помеѓу старите и новите градби. Новите објекти се сведени на форми кои најдобро се вклопуваат со храмот Tsunyuji.
Бетон одиграл значајна улога и во уредуавњето на дворот на храмот. Во бетон е изведен и влезот на комплексот на храмот, но и за партерно уредување.